Барселона постави неверојатна откупна клаузула за Фати


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој сè уште не е полнолетен, а веќе собори многу рекорди, па сигурно му претстои одлична кариера.

Секако, станува збор за фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, кој покажа добри игри во дресот на Барселона, но и за репрезентацијата на Шпанија.

Со оглед на сè што видовме од него во Барселона, тие веднаш решија да не го загубат по секоја цена, и најдоа начин да му постават откупна клаузула.

Имено, тој и официјално стана првотимец на Барселона, а со тоа автоматски му беше додадена откупна клаузула, и тоа не било каква.

Секој клуб што сака да го донесе ќе мора да плати дури 400 милиони евра, што е секако огромна сума за кој било клуб.

Сепак, неговиот агент започна преговори со Барселона, а станува збор за подобрување на платата на Фати, која реално ја заслужува.