„Барселона се жали на судење. Баш чудно“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетик Билбао ја елиминираше Барселона во Купот на Кралот.

Баскијците погодија во судиското продолжение за голем триумф, а по натпреварот Каталонците се пожалија на судењето и сметаа дека се оштетени за чист пенал.

После дуел во казнениот простор падна Френки де Јонг, но судијата не се огласи, што предизвика без кај навивачите и играчите на Барса.

Големи се обвинувањата спрема судиите на овој меч, свое мислење даде и фудбалерот на Атлетик Иниго Мартинез. Тој имаше поприлично ироничен коментар.

„Слушнете Барселона се жали на судење? Баш чудно“, рече тој по мечот.

Сите протести секако беа залудни, а екипата од Билбао го дозна и ривалот во полуфиналето, каде што ќе игра против тимот на Гранада.

Во второто полуфинале играат Реал Сосиедад и Мирандес. Првата средба се игра на 12. вевруари, додека реванч мечевите се на 4. март 2020. година.

Финалето се игра на 18. април во Севиља

Athletic Bilbao eliminisao je Barcelonu iz Kupa Kralja.