Барселона во договорот на новиот тренер поставила клаузула која ќе ги воодушеви навивачите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барселона синоќа соопшти дека Ернесто Валверде не е веќе тренер на овој клуб, а на негово место е Кике Сетиен.

Челниците на  Барселона синоќа одржаа состанок со Валверде по неуспешниот настап на овој клуб во шпанскиот Супер куп. По разговорите од клубот е соопштено дека е постигнат договор за раскин на договорот и дека Валверде веќе не е тренер.

Меѓутоа, каталонскиот клуб брзо реагираше и објави дека е познато кој ќе ја води екипата во наредниот период. За нов тренер е избран Кике Сетиен кој доби две и пол годишен договор.

Навивачите на Барселона се изненадени од должината на договорот бидејќи очекуваа дека Сетиен ќе биде само привремено решение. Но, во Барселона овој пат направија фантастичен потег и се осигураа кога станува збор за нов тренер.

Дали Сетиен ќе го одработи договорот до летото 2022. година зависи од резултатите што ќе ги има со клубот. Барселона има поставено неколку клаузули за раскин на договорот со Сетиен доколку не бидат задоволни од резултатите.

Тој потпишал договор во формат шест месеци + 1 година + 1 година и клубот може да го раскине договорот со него без оштета во некој од овие три преодни рока. Сетиен веќе на лето би можел да ги спакува куферите, но исто така може и да остане до крајот на договорот ако се покаже како вистинско решение.