Барселона за новиот Чави стави клаузула вредна 50 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхи Сампер, фудбалерот на Барселона потпиша нов договор со каталонскиот клуб.

Новиот Чави, како што го нарекуваат Сампер, кој е од клубот од својата шеста година, потпиша договор до 2019 година со можност за продолжување на уште една година.

Важно е и дека Каталонците во договорот ставиле клаузула според што 21-годишниот Сампер може да го напушти клубот за 50 милиони евра.

Новиот договор доби и година дена младиот Мунир Ел Хадади, кој истотака потпиша до 2019 година.