Бартомеу конечно ги воодушеви навивачите на Барселона: Ако новиот тренер рече „да“, ќе донесеме големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гласините за доаѓањето на Лаутарo Мартинез во Барселона стивнаа, особено по катастрофата што ја доживеаја во четврт-финалето на Лигата на шампионите против Баерн.

Набргу по тој пораз, тренерот беше заменет, се зборуваше за многу промени во тимот, а активирана беше приказната за Мартинез.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека не ја исклучува можноста да се донесе Лаутаро Мартинез.

“Бевме во преговори, но сè запре кога фудбалот продолжи. Ќе разговараме со новиот тренер и ако Лаутаро е во неговата визија за иднината, тогаш ќе се обидеме да го донесеме. Најважно е тој да рече да “и ќе го донесеме“, рече Бартомеу.

Тој ќе направи се за да остане на оваа позиција во Барселона, затоа што многу навивачи, но наводно и играчи, се незадоволни од неговата работа.