Бејл: Горд сум и среќен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатото лето, медиумите тврдеа дека Бејл е грешка на Реал. Навивачите беа бесни, главните луѓе на Реал истотака, но на нешто што вреди 100 милиони евра треба да му се даде последна прилика. Тоа излезе правилна одлука, не ја освоија Ла Лига, но Бејл со „кралевите„ ја освои Лигата на Шампиони, а направи и голем успех со Велс на ЕП во Франција.

„Имав одлична сезона позади себе, најпрвин за успехот со Реал, а потоа и тоа со Велс на ЕП“ – вели Бејл

Заедно со соиграчите Роналдо и Гризман, Бејл од УЕФА е ибран да учествува во изборот на најдобар фудбалер на годината.

„Многу сум среќен. Тоа е голема чест за мене. Не е само моја заслуга, туку и заслуга на соиграчите, без нив немаше да бидам каде што сум. Фала на моите клубски колеги, и колегите од репрезентацијата“ – додаде Герет Бејл.

Најголемиот момент во неговата кариера, како што тој вели е освојувањето на ЛШ со Реал.

„Сезоната беше долга и напорна. Се боревме до крај. Беше тешко во финалето против Атлетико, но на крајот бевме наградени. Тоа се големи успеси на кои можеме да бидеме горди до крајот на животот“ – гордо изјавува Бејл.