Бенфика потврди дека за Жоао Феликс добила понуда „тешка“ 126 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бенфика доцна синоќа објави дека доби понуда за својот најдобар фудбалер Жоао Феликс во износ од 126 милиони евра.

Клубот од Португалија откри дека понудата стигнала од страна на Атлетико Мадрид, но дека сеуште не е ниту прифатена ниту одбиена.

Шпанскиот клуб има намера ова лето да го надомести заминувањето на Антоан Гризман и очигледно дека нема да штреди на пари за да го направи тоа. За услугите на Феликс беа заинтересирани клубовите од Манчестер, но се чини дека на крајот пресуди желбата на младиот Португалец да биде трениран од Диего Симеоне.

Сепак, постои и една „цака“ поради која Бенфика може да ја одбие оваа понуда. Иако откупната клаузула во договорот на 19-годишникот е 120 милиони евра, а Атлетико понудија дури и повеќе од тоа, сепак Португалците можат да ја одбијат оваа понуда, а причина е тоа што Јорганџиите сакаат исплатата да биде на рати.

„Ги прекинав сите врски со социјалните мрежи пред неколку дена за да престанам да читат или слушат сешто. Сега размислувам и се фокусирам само на Португалција, а потоа ќе донесам одлука за мојата иднина“, рече неодамна Феликс и тоа додека играше во Лигата на Нации со Португалија.

Сега откако завршија репрезентативните обврски, веројатно веќе ја има донесено одлуката.