Бентеке не знае за кој тим потпиша


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијан Бентеке денеска стана нов фудбалер на Кристал Палас.

Белгиецот е платен огромни 32 милиони фунти, но на неговиот Твитер профил е претставен како фудбалер на Барнли.

Покрај погрешниот клуб, личноста која се грижи за неговиот профил погрешно го напиша и името, бидејќи е претставен како играч на Барнли ФК.

Бентеке потоа се огласи.

„Моја грешка. Потпишав за Кристал Палас, а не за Барнли. Извинете за оваа мала грешка, личноста која го води мојот Твитер профил малку се збуни“, напиша Бентеке.

Навистина редок случај.