„Бев на 10 минути од потпис за Севиља“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ А тогаш се јавија од Пари Сен Жермен и бараа од мене да сочекам…“, рече одличниот играч за врска.

Хатем Бен Арфа во ова лето беше еден од најбараните слободни играчи во Европа, па таквиот статус му донесе право на драматична ситуација при заминување во нов клуб.

Францускиот играч за врска, кој во минатата сезона на одличен начин го носеше дресот на Ница, откри дека бил буквално на чекор од потпис за шпанската екипа, но еден повик од главниот град на Франција промени се.

„Бев на десет минути од потпишување на договор со Севиља, но кога бев сигурен дека во следната сезона ќе играм во Шпанија ме повикаа од Пари Сен Жермен и бараа да сочекам. Од Париз ми рекоа дека се многу заинтересирани и дека сакаат да ми понудат договор“, рече Бен Арфа за официјалниот сајт на францускиот клуб.

Севиља така остана без големо засилување, а Бен Арфа сосема извесно доби богата понуда од еден од финансиски најмоќните клубови на светот.