Биелса нов тренер на Лацио?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот стручњак, Марсело Биелса се договорил со екипата на Лацио.

Веќе неколку денови се шпекулира за тоа дека Биелса наредната сезона ќе биде нов тренер на Лацио, а италијанските медиуми пренесуваат дека овој Аргентинец ги договорил сите услови со римскиот клуб.

Како што пишува “Калчомеркато” Биелса допатувал во Рим и започнал преоговори, а изгледа дека веќе денес е пронајден заеднички јазик. Наводно Биелска ќе потпише четиригодишен договор.

Како нов тренер на Лацио, Биелса би требало да биде претставен во наредните неколку денови.