Билиќ го запали алармот на сопствениците на Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера Славен Билиќ и Вест Хем беа поразени на Стемфорд Бриџ од Челси со 2:1.

Од Билиќ оваа сезона се очекува да направи чекор напред, но им кажа на сопствениците на Вест Хем дека резултат без вложување нема.

„Им кажав уште пред еден месец дека постојат два начини за доведување на големо засилување. Мораме да почниме порано од останатите или да спремиме повеќе пари. Не избравме ниту една од опциите, а така невозможно е да се доведе голем фудбалер“, изјави Билиќ.

Во Вест Хем стигнаа ова лето Андре Аје, Артур Масуаку, Софиане Фегули и Џонатан Калери.