Подобра одбрана немате видено: Тер Штеген ја спаси Барселона од пораз во Билбао


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа одиграа натпревар без голови на гостувањето против Атлетик Билбао во меч од 23. коло од шпанската Ла Лига.

Барселона веќе втор меч по ред е без победа во домашното првенство, а ова најдобро го искористи Реал Мадрид кој сега има шест бодови помалку во однос на каталонскиот клуб.

Синоќешниот натпревар веројатно беше најлош за Барса во досегашниот дел од сезоната, бидејќи тие воопшто и да немаа сериозни прилики во овој меч. Од друга страна Билбао и тоа како се закануваше, а Тер Штеген беше најзаслужен што Барса не беше поразена.

Германскиот голман уште еднаш покажа дека тој е еден од најдобрите во светот. Тој имаше неколку фантастични одбрани, но најмногу фасцинираше онаа од 85. минута.

Тогаш Вилијамс имаше шанса да им донесе победа на својот тим, тој од шест метри шутираше, но Тер Штеген со неверојатен рефлекс успеа да го запре овој шут, а тоа никој не го очекуваше на стадионот.