На Болт му пропадна уште еден трансфер: Ништо ниту од Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот спринтер на Јамајка Усаин Болт остана без уште една можност да пронајде нов клуб.

Болт неодамна неуспешно ја заврши пробата во Централ Коуст Маринерс, во Австралија, а од тогаш се поврзува со бројни клубови, па пред неколку дена дојде на ред и турски Сиваспорт.

Сепак, од овој клуб брзо се огласија дека не се заинтересирани за доведување на овој играч.

Да потсетиме, Болт пред неколку дена изјави дека до крајот на овој месец ќе одлучи дали ќе прифати некоја од понудите или едноставно ќе се откаже од фудбалот.