Бонучи е разочаран после ремито со Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Јувентус, Лонардо Бонучи имаше забелешки за својот тим после ремито со Атлетико Мадрид.

Бјанконерите во склоп на 1. Коло во Лигата на Шампионите водеа против Атлетико Мадрид со резултат од 2:0, но таа предност не ја искористија до крајот на натпреварот и освоија само бод, со што е незадоволен и самиот Бонучи.

После натпреварот италијанскиот фудбалер истакна дека како на него така и на неговите соиграчи им недостасувала концентрација во некои клучни моменти.

„Во првото полувреме Атлетико вршеше голем притисок, па се фокусиравме на брзината и влеговме во нивниот казнен простор. Добро се држевме и константно напаѓавме, но ја запоставивме концентрацијата. Премногу пати ги повторивме истите грешки. Мораме да бидеме повеќе фокусирани“, рече Бонучи и не го криеше изразот на каење поради одредени ситуации на теренот.

„Не сме задоволни со овој бод. Нивото на самодоверба беше на огромно ниво, им бевме голем проблем на Атлетико и им создадовме многу проблеми, доволно е да се присетам само каква шанса имаше Роналдо. На краот секој треба да ја превземе одговорноста за головите кои ги примивме, а сите „валкани“ работи да ги оставиме позади затворена врата“.