Бонучи ладно го одбил Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити повторно се обиде да го ангажира италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи.

Според Џанлука Ди Марцио, Граѓаните во претходните денови го контактирале со 33-годишниот стопер и се обиделе да го доведат во своите редови.

Сепак, разговорот со искусниот дефанзивец не траел долго. Бонучи веднаш го одбил Сити, не ги ни слушал условите што му биле понудени и не сакал да го напушти Јувентус.

Очигледно, Бонучи се „изгорел“ кога решил да замине во Милано во 2017. година. Тој жали за таа одлука и една година подоцна повторно беше член на Старата дама.

Нема сомнение дека тој сака да остане таму до самиот крај, па за ниту една понуда од Сити не се разговарала.

Бонучи е член на Јувентус од 2010. година и има одиграно повеќе од 400 натпревари за Бјанконерите.