Борусија-Парк ќе биде „полн“ за саботното дерби!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред многу време, Борусија Минхенгладбах започна интересна акција, чија цел беше да се ублажи реалноста на фудбалот во ера на короната, но и да се соберат пари за добротворни цели.

Имено, навивачите на Борусија Менхенгладбах веќе извесно време учествуваат во акцијата и да го добијат својот картонски исечок од трибините на Борусија-Парк за нешто помалку од 20 евра.

Желбата беше барем да се создаде илузија за нормален натпревар, со оглед дека заради добро познатите мерки сите натпревари мора да се играат без публика, а сите пари собрани преку оваа акција да отидат во добротворни цели.

Сега се приближува првиот натпревар на домашен терен на Борусија Менхенгладбах по продолжението на сезоната во Бундеслигата, а на стадионот се поставени околу 20.000 картонски делови со ликови на лојални навивачи на клубот.

“Картонските исечоци се споменик. Тие треба да покажат дека фудбалот без навивачи едноставно не е ист. Ова беше одлична кампања што сигурно ќе придонесе за создавање поинаква атмосфера на стадионот”, рече спортскиот директор Макс Еберл.

Патем, Борусија утре ќе има ново дерби, со оглед дека ќе играат со Баер Леверкузен на домашен терен, во 27-то коло.

Тоа е дуел помеѓу две екипи кои го започнаа продолжението на сезоната многу добро.

Борусија го совлада Ајнтрахт Франкфурт минатиот викенд, а Баер забележа и гостинска победа против Вердер.