Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Не е уште готово, но бразилскиот Глобоспорт тврди дека талентираниот Јан Коуто (17) ќе потпише за Барселона.
Барселона наводно е блиску до трансфер на вундеркидот за кого ќе плати пет милиони евра.
Коуто игра за Коритиба, а неодамна му помогна на Бразил на Светското првенство до 17 години да ја освои титулата, иако во својот прв меч заработи директен црвен картон.
Иако е висок само 168 центиметри, скаутите се воодушевени од неговата брзина, енергија и технички способности поради што често оди напред. Инаку игра на позиција десен бек.
Освен Барселона тој е мета и на Арсенал и Баер Леверкузен, но сега Барселона е во предност.
Еден од најценетите млади играчи во Бразил се уште не дебитирал за првиот тим на Коритиба, односно минатите две сезони играл само за јуниорската екипа.