Челси го почна преговорите со голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте сака уште еден квалитетен голман во составот.

Наводно Челси ги започнал преговорите со голманот на Марсеј, Стив Манданда, тврди Гардијан.

Голманот кој ќе остане без договор за 15 дена дефинитивно ќе си замине од Марсеј, а има преговори со неколку клубови во овој момент.

Тој моментално е со репрезентацијата на Франција, втор голман е кај Дидие Дешамп, но без разлика на своите обврски во репрезентацијата тој преговара заедно со својот менаџер со Челси.

Тој секако дека би бил резерва во Челси, Куртоа би бил прв голман, а Асмир Беговиќ во тој случај ќе си замине.