Чачо останува, Ајон само што не потпишал нов договор


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Тоа е конечната одлука на Родригез, иако Бруклин Нетс беа заинтересирани да го доведат шпанскиот бек, соопшти АБЦ.

Добри вести стигнаа за навивачите на Реал Мадрид, шампионот на Шпанија. Серхио Чачо Родригез и следната сезона ќе го носи дресот на кралскиот клуб.

Родригез претходните дена беше на одмор во Миконос, а за викенд би требало да се појави на припремите за ОИ.

Инаку Родригез од 2006-та до 2010-та година играше во НБА за Портланд и Сакраменто, па после потпиша за Реал.

Овде не е крај на радоста на навивачите на Реал бидејќи АБЦ соопшти дека и кралскиот клуб е блиску до потпишување на нов договор со мексичкиот центар, Густаво Ајон.