Чави „полуде“ на дебито како тренер и остана без патики (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот Шпанец Чави Ернандез ги изгуби нервите во текот на натпреварот од осминафиналето во азиската Лига на шампиони во кое неговиот Ал-Сад одигра нерешено на гости против Ал-Духал 1:1.

Чави дебитираше на официјален натпревар на клупата на екипата од Катар, а бурно реагираше во финишот од натпреварот сметајќи дека арбитрите морале да покажат на белата точка откако еден фудбалер на домашниот тим играл со рака во шеснаесетникот.

Арбитрите одлучиле дека нема доволно аргументи за пенал, па поранешниот ас на Барселона „полуде“ и остана без патики.

https://youtu.be/69pMhCtXch4