Чех го одбрани клучниот пенал, два детали од неговата кацига привлекоа големо внимание


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петр Чех повеќе од една деценија ја чуваше мрежата на фудбалските терени, но сега тоа го прави на мраз.

Откако ја заврши својата кариерата на фудбалските терени, Чех одлучи да се посвети на својата втора љубов – хокејот.

Пред неколку денови стана член на хокејскиот клуб Гилфорд Феникс, а вчера дебитираше во натпреварот против Свидон Вајлдкетс.

Имаше низа од многу фантастични интервенции, а на крајот од мечот беше херој на својата екипа бидејќи го одбрани одлучувачкиот пенал што после регуларниот дел и продолженијата остана резултатот од 2:2.

Големо внимание привлекоа и два детали од специјализираната кацига на Чех на кој беа нацртани амблемите на Челси и Арсенал.