Челси нуди астрономска сума за играч на Реал Мадрид?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марка потврди: Преговорите меѓу Кралевите и Сините се во сериозна фаза.

Сега на сите им е јасно зошто Реал Мадрид ја искористи повратната клаузула и го врати Алваро Мората.

Да го препродадат. Никакви спортски мотиви немаше, Флорентино Перез многу добро знае што работи  и каков профит му се насмевнува. Можеби и најскапо продавање во ова лето во европскиот фудбал.

Марка како вест на денот потврди дека преговорите меѓу Реал Мадрид и Челси се во тек и дека Мората во следната недела може да биде потврден како засилување на Челси.

А цената? Неверојатни 75 милионие вра! Толку Реал бара и толку Челси ќе плати иако во моментов не се подтовени.

Ќе прифатат како и Манчестер Јунајтед за Ди Марија пред две години или Арсенал за Озил. Со Перез нема ценкање.

Изворите на Марка од Реал треба да им се верува, а тие велат дека Алваро е многу блиску до премин во Челси. И дека тој ќе биде најскап Шпанец во историјата на фудбалот. Рекордот досега го држеше преминот на Торес во Челси за 58 милиони евра. Игра на судбината, повторно е Челси кој ќе ги помести границите кога е во прашање најскап Шпанец е во прашање.

Клучот за трансферот е Антонио Конте. Италијанецот доведувањето на Мората го означи како приоритет.

Иако пред неколку дена за 40 милиони евра го купија Батшуаји од Марсеј, тоа повеќе беше клупски план отколку на Конте и со денови се чекаше тој да се смилува и да го аминува трансферот. Негов приоритет е исклучиво Мората.

И нема да му биде прв пат да доведува Шпанец, но прв пат ќе работи со него. Конте пред две години инсистираше на доведување на Мората во Јувентус од Реал Мадрид и го убеди играчот да се пресели во Торино.

Шпанецот дојде, но Конте замина бидејќи во меѓувреме се скара со управата на клубот и не дочека да работи со Мората.

На младиот Шпанец тоа не му пречеше и остави феноменален впечаток за две години во Пијемонт.

Беше тоа одличен потег на Јувентус, но и лоша проценка за повратна клаузула.

Вистина, заработија 10 милиони на купопродавањето на Мората, но тоа не е ништо во однос на тоа што им значење на теренот. Меѓутоа, рацете им беа врзани, Реал ја активираше клаузулата и сега е пред огромна заработка.

Трансферот на Мората би бил и рекорд на досегашниот дел од преодниот рок.

Батшуаји, Мората, уште ако остане Диего Коса…Челси ќе има далеку помоќен напад од тој со Фалкао, Пато и компанијата. А Реал ќе заработи пари кои може да ги искористи за некоја брутална понуда. На пример, за Погба или за Андре Гомеш.