ЦСКА го отпушти Кулагин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЦСКА Москва објави дека нема да го продолжи договорот со Михаил Кулагин.

26-годишниот кошаркар наводно ја доживеал одлуката многу емотивно, а на крајот, тренерот Димитрис Итудис се огласи:

“Разговаравме со Миша и тоа е и нашиот и неговиот став дека ова не е “збогум”, туку само “прајатно”. Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме и ќе работиме заедно. Имам голема почит кон неговото однесување и неговата реакција. Тој има голем талент и невидена желба. Ми рече дека пред да дојде во ЦСКА ја гледал кошарката со различни очи, велејќи дека само сега разбира што е кошарката и ние сме многу горди на тоа. За жал, неговите повреди не му овозможија да ни помогне колку што можеше. Време му е да најде ново место каде ќе ги покаже своите квалитети, и повторувам, сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме “- рече Итудис.

Кулагин освои две титули на Европски шампион и четири титули на ВТБ лига со ЦСКА. Тој е член на руската репрезентација и играше на последниот Мундобаскет во Кина.