Дали е на повидок размена на деценијата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска од Италија ни стигна вистинска бомба кога е во прашање трансфер пазарот.

Имено, од пред неколку дена е познато дека Кинезите го откупија Милан од Силвио Берлускони, иако сеуште не стигнаа во клубот.

Но, траги од нивните инвестиции веќе се почувстуваа, а порталот ‘Calcionotizie24’ пренесува дека Милан и ПСЖ договориле спектакуларна размена на фудбалери, а поточно за напаѓачи која може да биде една од најголемата во историјата.

Имено, споменатиот портал тврди дека Милан ќе го даде Карлос Бака и 15 милиони за фантастичниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, и дека ПСЖ одма ја прифати оваа понуда.

Истотака, се наведува дека размената ќе се случи штом Кинезите ќе ги испратат своите пари на адреса на споменатиот клуб.

Најзаслужен за овој трансфер е новиот тренер на ПСЖ Унаи Емери кој силно го сака својот поранешен фудбалер Карлос Бака со кого соработуваше во Севиља.