Дали е ова доказ дека Погба е играч на Манчестер Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми денеска објавија дека Пол Погба прифати на условите на договорот, и дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Веќе неколку недели во медиумите се шпекулира дека Жозе  Мурињо сака да го врати Погба на Олд Трафорд, а денеска во јавноста се појави информација дека францускиот репрезентативец ги прифати условите на договорот.

Наводно, Погба за 102 милиони евра од Јувентус ќе премине во редовите на Црвените ѓаволи.

После тоа “The Sun” објави интересна слика со тврдење дека тоа е доказ дека Погба стигнува во Јунајтед.

Имено, на сликата се гледа табла на која Мурињо ја пишал формацијата на тимот, а новинарите на овој англиски медиум тврдат дека на таа слика се наоѓа и името на Погба.

Сепак, иако многу поверуваа во оваа приказна, поедини навивачи веруваат дека сепак тоа е името на Хуан Мата.