Дали е ова најдобриот трансфер период за Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике одлучи ова лето да направи чистка, и да се ослобди од сите играчи на кои не смета во наредната сезона.

Истовреме, Барселона заклучно со Пако Алкарес доведе 6 играчи и ја зајакна конкуренцијата на сите позиции.

Покрај Алкарес во Барса пристигнаа Хаспер Силсен, Самуел Умити, Лукас Диње, Денис Суарез и Андре Гомеш, а сиве овие засилувања тимот од Каталонија ги чинеше 122 милиони евра плус бонуси.

Енрике ја засили конкуренцијата на секоја позиција, тој сега има и втор состав кој може да игра на највисоко ниво во Ла Лига.

Покрај доведување, Барселона се опрости и од 13 играчи, не добија многу пари од нив но се ослободија од големи плати. А играчи кои отидоа се: Клаудио Браво, Дани Алвеш, Марк Бартра, Томас Вермален, Адријано, Сонг, Серхи Сампер, Ален Халиловиќ, Сандро Рамирез, Кристијан Тељо, Мунир Ел Хадади,  Даглас Переира и Мартин Монтоја.

Барселона зеде околу 30 милиони евра од продавањето на овие играчи, но се ослободија од големи плати. Само Дани Алвеш кој отиде во Јувентус земаше 8 милиони евра годишно и беше еден од најплатените.