Дали има поскромен играч во светот? Сон постигна четири гола и му ја припишува заслугата за успехот на друг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем го совладаа Саутемптон со 2:5.

Сон Хеунг-Мин постигна четири гола на натпреварот и стана 28-от играч во историјата на Премиер лигата кој постгина покер голови на еден натпревар.

Фудбалерот од Јужна Кореја е познат како многу скромно, скромно и дисциплинирано момче. Тоа го покажа во својата изјава по натпреварот.

Иако постигна четири гола на еден натпревар од најсилната лига во светот, тој не сакаше да добие слава, но заслугите ги припишува на некој друг.

“Неверојатно е да се постигнат четири гола на натпревар од Премиерлигата. Тоа е голем дел. Немаше да постигнам четири гола да не беше Кејн. Тој е нереален”, рече Сон.

“Тој ми подели четири асистенции и заслужува награда за играч на натпреварот. Ние играме заедно веќе пет сезони”, рече офанзивниот играч.

Инаку, Кејн го постигна петтиот гол на мечот, а Жозе Мурињо потврди дека Англичанецот ја заслужува наградата за играч на натпреварот.