Дали Сетиен останува во Барселона? Претседателот на клубот ги отстрани сите дилеми!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните неколку недели шпанските медиуми гласно предупредуваат дека тренерот на каталонците, Кике Сетиен, ќе си замине на крајот на сезоната.

Барселона остана без титула затоа што на два кола пред крајот во Ла Лига имаат четири бода помалку од водечкиот Реал Мадрид, а играта на Каталонците не е задоволителна во последно време.

Затоа, отказот на Сетиен на крајот на сезоната се споменуваше сè погласно, и што вели претседателот за клубот, Јосеп Марија Бартомеу, за сè?

„Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Тој има желба да продолжи да го предводи тимот и наша обврска е да се придржуваме до договорот што го потпишавме“, рече Бартомеу.

Сетиен го замени Ернесто Валверде во јануари, но навивачите дефинитивно не се задоволни што тој моментно е на клупата на Барселона.

Медиумите во Шпанија сметаат дека Сетиен ќе замине по крајот на сезоната, а како кандидати за неговиот наследник се споменуваат Чави, Роналд Коман, Маурисио Почетино, Роберто Мартинез и Хавиер Гарсија Пимиента.