Далиќ: Не сакавме да играме против Тунис, но УЕФА не натера на тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска овој викенд ќе игра натпревар против Велс во рамките на квалификацииите за Европското првенство.

„Коцкестите“ веќе некое време се спремаат за мечот против Велс, а после тоа имаат пријателски натпреварот против Тунис што очигледно не му беше во план на селекторот Златко Далиќ.

Далиќ изјави дека на сите начини пробаме да го избегнат натпреварот против Тунис, но едностано не успеале во тоа и дека УЕФА инсистирала на тоа да го одиграат овој пријателски меч.

„ Апсолутно сакавме да го избегнеме овој натпреваро, но УЕФА е строга со своите правила и ќе мораме да одиграме пријателски натпревар против Тунис иако не сме многу среќни поради тоа. Ова сепак ќе го искористам и ќе им дадам шанса на некои нови играчи. Сепак, сега единствен фокус ни е Велс и три бода против нив, истакна Далиќ.

Хрватска е во големи проблеми против Велс, бидејќи останаа без Ракитиќ и Ребиќ. а познато е дека за овој натпревар нема да бидат спремни ни Власиќ, Брадариќ и Рог.