Дани Алвес за првпат во животот го критикуваше Меси

Лионел Меси предизвика многу внимание со изјавите дека Копа Америка била во знак на корумпираните судии поради кои би можеч жестоко да биде казнет.

Меси и друштвото беа бесни поради поразот од Бразил во полуфиналето, а мечот го обележа неколку сомнителни одлуки на судиите. Аргентинците после мечот го критикуваа судењето и зборуваа дека Бразил едноставно морал да биде во финале.

Сево ова колуминираше во мечот за третото место помеѓу Аргентина и Чиле кога после само половина час Меси доби директен црвен картон, но рака на срце и тоа како таа одлука беше престрога на судијата.

Меси веднаш после мечот одби да го прими медалот за третото место и порача дека не сака да биде дел од турнир кој е корумпиран и на кој од старт трофејот му бил осигуран на Бразил.

Поради овој коментар тој предизвика жестоки реакции низ јавноста во Бразил, но и од репрезентативците на оваа земја. Се огласи и Дани Алвес кој е многу добар пријател со Меси, но овој пат едноставно не можеше да стое на страната на капитенот на Аргентина.

„Покажа непочитување со тврдењата дека трофејот е купен. Ние сме многу добри пријатели и тоа сите го знаат. Но, ако ми е тој пријател не значи дека ја говори вистината. Рече некои погрешни зборови, но веројатно во моменти кога беше во афект“, изјави Дани Алвес.