Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Даниеле Де Роси на крајот на изминатата сезона одлучи да ја напушти Рома по истекување на договорот.
Де Роси целата своја досегашна кариера ја помина во дресот на римскиот клуб, и беше разочаран што Рома не му предложи продолжување на соработката. Му нудеа директорско место во клубот, но тој го одби тоа бидејќи не сакаше да ја заврши својата кариера.
Италијанскиот везен се одлучи на неверојатен потег и продолжување на кариерата во Аргентина. Тој потпиша за Бока Јуниорс и призна дека од секогаш му било сон за да заигра во овој клуб.
На Де Роси во Бока не му оди како што планираше бидејќи има доста проблеми со повредите и наводно размислува за враќање во Италија. Ла Газета Дело Спорт објави денес дека Де Роси можно е на крајот од сезоната да ја заврши кариерата и да се врати во Рома.
Наводно, римскиот клуб е спремен да му понуди да го тренира јуниорскиот тим на Рома бидејќи призна дека после завршувањето на кариерата би сакал да се занимава со тренерството.
Интересно е тоа што Де Роси, на таа позиција би го заменил својот татко Алберт кој размислува за заминување во пензија на крајот од оваа сезона.