Де Роси во сабота потпишува за Бока Јуниорс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Роси на крајот од минатата сезона ја напушти Рома, откако му истече договорот.

Претходните денови се шпекулираше дека ќе ја заврши кариерата, но се чини дека од тоа сеуште нема да има ништо.

Италијанскиот играч целата досегашна кариера ја помина во дресот на Рома, а на чекор е од потпишување со Бока Јуниорс. Аргентинските медиуми пишуваат дека се е договорено и дека се очекува Де Роси да оди на лекарски прегледи во сабота.

Наводно, тој ќе потпише едногодишен договор и че го добие дресот со број 16 во својот нов клуб. Де Роси беше многу лут што Рома не му понуди нов договор, бидејќи целата кариера ја помина во дресот на римскиот клуб.

Иако одлучи да се пензионира, сепак на крајот не можеше да го одбие повикот од Бока и призна дека тоа е клубот за кој еден ден би сакал да игра, а како што стојат работите тоа ќе се случи многу брзо.