Дел Боске: Готово е


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шпански тренер, Висенте Дел Боске го потврди крајот на својата кариера.

После прераното отпаѓање на Шпанија од Италија на ЕП во Франција се шпекулираше дека Дел Боске ќе се пензионира од тренерската кариера, па еве сега тоа е и потврдено.

„Не сум носталгичен, не мислам на минатото, мислам на иднината, а иднината не е во фудбалот. Секогаш ќе бидам во врска со фудбалот, но веќе е време да работам нешто друго“ – рече Дел Боске

Со Реал освои европска и светска титула, исто направи и со Шпанија во 2010 односно 2012 година.