Дете со слика ги фрли навивачите на Јунајтед во екстаза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните неколку недели многу се зборува за преминот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед,  што веројатно многу брзо и ќе се официјализира.

Французинот за 110 милуиони евра ќе потпише за Црвените ѓаволи и така ќе стане најскапо платен фудбалер на сите времиња.

Приказните за трансфер во Јунајтед дополнително ги „подгреа“ и најновите фотографии на Пол Погба каде што потпишува дрес на Црвените ѓаволи на кој го пишува неговото име. Се чини дека тие го дадоа одговорот на сите прашања.