Џака веќе си ги спакува куферите, во јануари ќе го напушти Арсенал и ќе се пресели во Италија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака судејќи според ситуацијата веќе уште во јануари ќе ги спакува куферите и ќе го напушти лондонскиот клуб Арсенал.

Џака пред неколку седмици на натпреварот против Кристал Палас дојде до несогласување со навивачите на Арсенал кои му упатија свирежи додека излегуваше од теренот. Тоа на Швајцарецот тешко му паднало и одлучил да одговори со неколку навредливи зборови.

После сето тоа, Јунај Емери одлучи Џака да не настапува за Арсенал во наредниот период, а исто така му ја одзема капитенската трака што беше побарано и од навивачите.

Веќе не е познато дали Џака воопшто ќе настапува во дресот на Арсенал бидејќи се почести се шпекулациите дека уште во јануари ќе го напушти клубот. Наводно, управата на Арсенал одлучила да го продаде Џака бидејќи не сакаат да имат недоразбирања со навивачите на својот тим.

Како што пишуваат англиските медиуми, интерес за Швајцарецот има, а наводно тој е многу блиску својата кариера да ја продолжи во Италија. Милан ќе проба да го донесе Џака во јануари на позајмица до крајот на сезоната, а на лето ќе мора да го откупат неговиот договор.

Сеуште не е познато колку Арсенал бара за неговите услуги, но веројатно ќе почекаат уште некои понуди до почетокот на зимскиот преоден рок. Но, според се, деновите на Џака на Емирати се одбројуваат.