Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Рома, Един Џеко, би можел да се врати во англиската Премиер лига.
Како што пишуваат италијанските медиуми, тимот на Вест Хем е сериозно заинтересиран за услугите на босанскито напаѓач и наскоро “Чеканите” би можеле да испратат и официјална понуда на адреса на римскиот клуб.
Менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ сака да го доведе напаѓач во својот тим ова лето. Неколку имиња се во игра, но за сега Џеко изгледа како најреална опција.
Покрај лондонскиот клуб интерес за Џеко покажаа и турските гиганти Бешикташ и Галатасарај, па веројатно “Волчицата” нема да има проблем да го продаде 30 годишниот напаѓач.
Џеко во Рома пристигна минатото лето од редовите на Манчестер Сити.