Џеко со маска на лицето одржа тренинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна, Един Џеко се врати на тренинзите во Рома.

Џеко на натпреварот против Каљари претрпе две скршеници на јагодичната коска поради што е однесен и на хируршки зафат, а напредокот во неговата здраствена состојба тече повеќе од добро.

Медиумите во Италија пишуваат за тоа дека Џеко на тренингот утринава се појавил со заштитана маска, но како што тренираше индивидуално, јасно е дека сеуште не е во потполност спремен за да се стави на располагање во листата на Фонсека.

Уште претходно од лекарската служба на Рома препорачаа дека за враќањето на Џеко не треба да се брза. Босанскиот напаѓач дефинитивно ќе ги пропушти претстојните натпревари со Сампдорија и Борусија Менхенгладбах, додека за натпреварот против Милан би можел да биде во конкуренција.

Оваа сезона Џеко во Серијата А одигра вкупно седум натпревари и притоа на четири од нив беше стрелец, а на своето конто има и една асистенција.