Џенаро Гатузо избори Серија Б со Пиза после 7 години пауза!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тек е ЕП во Франција, а на Апенините е одигран реванш дуел од финалето на плеј-офот за влез во Серија Б меѓу Фоџа и Пиза кој траеше повеќе од два часа, а него го одбележа голем инцидент во второто полувреме, поради што дојде и до прекин.

Тренерот на гостите Џенаро Гатузо е погоден со шише во главата, после што настана општ метеж и влез на околу 20 приврзаници на домашниот тим на теренот, но натпреварот сепак е продолжен во 19 часот и 30 минути и после 30 минути подоцна е приведен до крај.

Темпераментниот Гатузо го издржа се тоа, но во финишот на натпреварот заедно со колегата Роберто Де Зерби, поради меѓусебен конфликт, мораше да гледа да го напушти теренот.

Натпреварот заврши со 1:1, а Пиза ја одбрани предноста од 4:2 од првиот натпревар.

Џенаро покажа дека може да стане сериозен тренер, формата на екипата ја темпираше за финишот на сезоната, односно за учеството во плеј-офот, каде што Пиза беше повеќе од убедлива и апсолутно заслужи враќање во Серија Б.