Џошуа му ги понуди услугите на Фјури за мечот против Вајлдер,а Тајсон му одговори на уникатен начин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Џошуа јавно ги понуди услугите на Тајсон Фјури така што подобро би се спремил за мечот против ВБЦ првакот во тешка категорија Деонтеј Вајлдер.

Ентони за Скај Спортс јасно искажал дека би му помогнал на Фјури за што подобра припрема на мечот кој на распоред е на 22. февруари.

“Мислам дека Фјури прво би сакал да боксува со мене отколку со Вајлдер, па затоа сакам Фјури да победи на овој меч. Фјури, ако ти требам за спаринг, тука сум. Имавме спаринг како деца. Би дошол во Америка и би му помогнал да се спреми за мечот против Вајлдер. Тоа би го сторил поради тоа што тој сигурно сака да боксува против мене.”, рекол Џошуа.

По оваа јавна понуда за спаринг се огласи и Тајсон. Помошта од Џошуа со радост би ја прифатил.

“Токму сега видов дека Џошуа би сакал да ми помогне. Тој е во право. Кога ќе го победам Вајлдер, тој е следен. Навистина сакам да го видам во својот камп пред овој меч. Се надевам дека навистина сака да дојде, бидејќи ако е така тогаш би сакал да те имам покрај себе”, порачува Фјури.

Фјури и Вајлдер во рингот ќе се сретнат на 22. февруари, а треба секако да потсетиме дека првата борба помеѓу овие двајца пред година дена заврши без победник.