Џошуа: Преку ноќ не се претворив во п***а, јас сум шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Џошуа ги привршува последните подготовки за нападот на светскиот шампион во тешка категорија – Енди Риуз.

Ентони Џошуа на 7. декември во Саудиска Арабија ќе проба да ја врати титулата која му ја одзема Руиз на 1. јуни оваа година, кога го нокаутираше за општо изненадување на боксерскиот свет.

Британскиот боксер копнее да се одмазди за тој пораз. Малку го нервираат разновидните коментари за неговиот пристап во првата борба, но тврди дека ќе се врати потполно спремен.

„Преку ноќ не се претворив во п***а. Јас сум шампион, шампион сум откога по прв пат зачекорив на теренот. Три години подоцна станав олимписки шампион, а титулата ја земав после 16 борби. Имам еден пораз и тоа не значи дека не сум веќе борач. Само треба да го победам наредниот меч“, рече Џошуа и продолжи:

„Сеуште сум голем играч во тешката категорија. Единствена измена која ја направив е тоа што веќе не правам спаринг. Тоа може да влијае на мојата тежина, но не верувам дека ќе бидам многу полесен од првиот меч. Ќе пазиме на се и ќе одредиме со колку килограми е најдобро да влезам во рингот.“

Џошуа е голем фаворит пред овој реванш, а ќе видеме дали ќе ја оправда таа улога.