Дибала не може да се ослободи од коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Sвездата на Јувентус, Пауло Дибала, сепак е позитивен на Ковид-19.

Откако Даниеле Ругани и Блез Матуиди беа позитивни на коронавирусот, аргентинскиот фудбалер на 21. март на Инстаграм потврди дека е исто така заразен и дека ќе се бори против корона вирусот.

Дибала изврши четири тестови за коронавирус, и иако повеќе нема симптоми на инфекција, тој сепак е позитивен.

Така барем пишува „Ел Ширингвито“, според кој на фантастичниот фудбалер му претстои уште поинтензивен третман, за да може лесно да го дочека тренинг периодот, кој треба да започне на 18. мај.

Дибала не е единствениот фудбалер кој го има овој проблем. Повеќе од еден месец, голманот на Аталанта, Марко Спортиело не може да се ослободи од коронавирусот.