Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Брегалница се засили со тројца фудбалери вчера, двајца од Романија и еден од Бразил.
Штипскиот клуб од неколкуте засилувања кои беа најавувани успеа да регистрира само тројца фудбалери.
Диего Де Алмеида Нерез Резенде е бразилецот кој успеа да го доведе Брегалница и игра во дефанзивата. Двајцата романци се Ахим Флорин Василе кој игра во средниот ред стигна од Хапоел Петах Тиква и Јоан Робер Карута кој е млад и има 20 години и игра во средниот ред.
Поради непознати причини Варга и Еренлер не потпишаа за Брегалница.