Директорот на Барса: Напредок постои, близу сме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оскар Грау, Ерик Абидал и Хавиер Бордас ја претставуваа Барселона на денешниот состанок во Париз.

Челниците на каталонскиот клбу денес по втор пат овој месец се состанаа со ПСЖ, а се со цел, како би се постигнал конечен договор околу трансферот на Нејмар, кој и сам е одлучен да се врати дома.

Бразилецот пред две години за 222 милиони евра премина во Париз, но сега со сите сили сака да се врати на Ноу Камп.

Веќе со денови се водат преговори, Барса нудеше разни понуди, ПСЖ имаше одреден побарувања, но се поблиску е конечен договор, што го потврди и самиот директор на Барселона Хавиер Бордас.

„Сеуште нема договор, но напредок постои. Преговорите ќе продолжат, но близу сме до договор“, рече Бордас.

Порано денес Мундо Депортиво објави дека се е завршено и дека ПСЖ се согласил да го продаде Нејмар за 160 милиони евра, која Барса ќе ги исплати на две рати.