Директорот на Торино ги замолкна гласините за Белоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Торино, Давиде Вагнати изјави дека не добил ниту една понуда за напаѓачот Андреа Белоти.

Во последните неколку месеци медиумите на Апенините пишуваа дека Белоти би можел да го засили Интер, особено затоа што заминувањето на Лаутаро Мартинез во Барселона е сигурно, но Вагнати сега ги замолкна тие гласини.

Тој за Скај Спорт Италија изјави дека тоа се само шпекулации во медиумите и дека тој всушност немал контакт со ниту еден клуб, вклучувајќи го и Интер.

“Белоти е важен играч. Читав многу за него дека може да си замине, што не е изненадувачки со оглед на неговите квалитети, но не добив никаква понуда”, рече Вагнати.

До прекинот на сезоната, Белоти постигна девет гола на 23 одиграни натпревари во Серија А, а исто така игра клучна улога во пласманот на Италија на Европското првенство, што ќе се одржи следното лето.