Доаѓаат светски ѕвезди, но мора да се знае кој е шеф во градот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо изјави дека Вејн Руни ќе остане капитен на Манчестер Јунајтед и дека ќе биде многу важен фудбалер следната сезона.

Преживеа тешко ЕП со Англија, многу ја ставаа неговата вредност на вага, но во клубот го чека голема улога. Вејн Руни е легенда на Манчестер Јунајтед, а и следната сезона ќе биде важен играч иако стигнаа неколку ѕвезди во тимот.

„Изненаден сум што толку ме прашувате за него. Знам дека со репрезентацијата имате капацитет да правите работи комплицирани за вас, но се што се случуваше околу него ова лето ме изненади. Во мојот клуб такви проблеми нема да има. Тој е капитен на клубот, тој е мој капитен, капитен на фудбалерите. Многу му верувам. Ќе биде многу важен фудбалер следната сезона“, изјави Мурињо.