Додека делеше автограми Солскер доби незгодно прашање од навивачи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вчера уште еднаш ги разочара своите навивачи со пораз на гости против Вест Хем.

Вест Хем без поголеми проблеми запиша победа против Црвените Ѓаволи со 2-0 и така му нанесе уште еден тежок удар на клубот од Олд Трафорд. Јунајтед оваа сезона не делува дека може да се врати на врвот, а тоа најдобро се виде вчера на теренот.

Солскер сигурно не може да биде задоволен од претставата на своите играчи, а се почесто норвешкиот стручњак е на удар на јавноста кога очекува негов отказ дооклку Јунајтед продолжи со ваквите игри.

Навивачите веќе зборуваат за отказ на Солскер, а тоа вчера најдобро се виде после мечот.

Имено, додека Норвежанецот делеше автограми на навивачите пред стадионот, еден од нив го праша дали очекува да добие отказ

Солскер немаше одговор на ова прашање, само се сврте и продолжи спрема автобусот на Јунајтед.