Дончиќ како да е од друг универзум: Сруши рекорд кој е стар 54 години, а има само 20 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот натпревар на Лука Дончиќ осигура нова победа за Далас Маверикс.

Далас во Кливленд дојде до четвртата победа каде ги порази Кавалерите со резултат од 131:111 во потполна доминација на словенскиот талентиран кошаркар.

Дончиќ постигна triple-double постигнувајќи 29 поени проследени со 14 скокови и 15 асистенции заедно со Порзингис кој постигна 18 поени проследени со девет скокови.

На спротивната страна на теренот блескаше Кевин Лав кој постигна 29 поени проследени со осум скокови.

Лука стана првиот играч после Оскар Робертсон (1965) кој во два меча редоследно постигнал 25+ поени со 15 асистенции и 10 скокови.

Ова му беше рекордниот единаесетти triple-double во кариерата и седмиот со најмалку 25 поени. Со 15 асистенции стана вториот играч во историјата на Далас Маверикс кој на два натпревари по ред има толку многу подавања, првиот е Џејсон Кид.

И да, има само 20 години.