Дончиќ поуспешен од Џејмс и Дејвис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После три месеци, кошаркарите на НБА-екипите конечно беа на паркетот, подготвувајќи се за крајот на сезоната во Орландо.

Мавс славеа со 108:104, но главните sвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не играа за Лејкерс во второто полувреме, додека во првото, со нив на паркетот, Лејкерси поведоа со 53:44.

Џејмс постигна 12 поени за 15 минути со три скока и пет асистенции, додека Дејвис исто така постигна 12 поени. Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 14 поени за 16 минути со пет скока и шест асистенции.

Сет Кари, братот на Стефан Кари, постигна 23 поени и беше најефикасен во победата на Далас, додека Бобан Марјановиќ постигна 17 поени со 13 скокови од клупата.

Подготвителните натпревари ќе се играат до 28. јули, а сезоната, која беше прекината кон средината на март, ќе продолжи на 30. јули.