„Доведуваме одличен играч за врска, лесно ќе биде со 22 засилувања“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Слушнав двајца тренери кои зборуваат во медиумите за нас и за нашите играчи. Тоа не е етички и не ми се допаѓа“, ги пецна Мурињо Јирген Клоп и Арсен Венгер.

Го немаше од декември и веќе му недостасува Премиер лигата. Сега повторно е тука и спремен е да ги полни насловните страници. Жозе Мурињо за англиските медиуми во свој стил  зборуваше за колегите тренери, преодниот рок, но и за ситуацијата околу Бастијан Швајнштајгер.

„Тоа што се случи, се случува во секој клуб на светот, а тоа е тренерот да одлучи кој ќе биде во неговиот тим, и тоа е се. Сакам да работам со 20 фудбалери и три голмани, но поради поголем број на мечеви во оваа сезона ќе ја зголемам таа бројка на 23 фудбалери. Моментално ги имаме 22 во тимот“, стави Мурињо точка на натписите за Германецот, пред што следеа незгодните прашања за доведувањето на Пол Погба.

„Единствено важно е што се случува во мојата куќа и не ме интересира што се случува кај комшијата. Пол Погба официјално е играч на Јувентус и тоа е единствено важно. Доведовме стопер, еден креативен играч за врска, еден врвен напаѓач и ќе доведеме еден одличен играч за врска“, изјави Португалецот.

Мурињо, кој го превзеде тимот од Луј Ван Гал, истакна дека нивните стилови на работење не се исти.

„Господин Ван Гал и јас сме различни. Не кажувам  кој е подобар, веќе дека се разликуваме. Тешка е ситуацијата кога динамиката на целиот тим мора да се промени. Лесно би ми било со 22 нови играчи и да почнеме од нула.

Но така е како што е, работиме напорно да промениме некои работи“.

Поранешниот менаџер на Челси е познат по нетрпеливоста кон Арсен Венгер, кој безброј пати го критикуваше на конференциите за медиумите. И овој пат тој беше на тапет, со тренерот на Ливерпул Јирген Клоп.

„Слушнав  двајца тренери кои зборуваат во медиумите за нас и нашите играчи. Тоа не е етички и не ми се допаѓа. Кога нешто ќе направам, сите зборуваат дека тоа не е етички, но кога некои други тоа ќе го направат никој за тоа не зборува. Ние доведовме четири играчи кои се на нивото на нашиот клуб, а не десетмина“, ги пецна Мурињо колегите поради претходните извјави на темата за можен трансфер на Погба.

Најмалку  се зборуваше за основиот повод за разговор, финалето на Комјунити Шилд. Манчестер Јунајтед во недела игра против шампионот Лестер Сити.

„Тоа нема да биде пријателски натпревар. Ни недостасуваат мечеви и одложениот натпревар во Кина против Манчестер Сити нас не ни направи услуга. Потребни ни се мечеви, но овој меч не е пријателски. Моите играчи го освоија ФА куп во минатата сезона и овој меч мора да им значи“, заклучи Мурињо.