Дресот на Андерлехт никогаш повеќе нема да биде ист! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради повеќедецениска соработка, логото на спонзорот често станува заштитен знак на дресот по кој е препознатлив.

Изминатите 39 години дресот на Андерлехт го красеше името на компанијата Фортис, но тоа веќе нема да биде случај, тврди познатиот белгиски клуб.

Клубот од Брисел има освоено дури 17 шампионски титули со овој спонзор во текот на изминатите четири децении, но вчера и официјално заврши оваа легендарна соработка.

Со логото на Фортис на дресот, Андерлехт го освои и Купот на УЕФА во 1983. година.

„Андерлехт и БНП Парибас Фортис завршуваат една ера. Благодарност за 39 години лојално партнерство“, соопшти бриселскиот клуб.